Славниот пар Анџелина Џоли и Бред Пит добиле восочни фигури во Австралија. За почеток се поставени на терасата на највисоката зграда во Сиднеј, во познатата Кула, а подоцна ќе бидат префрлени во музејот Мадам Тисо. Восочните фигури биле прикажани на новинарите во највисоката зграда само за фотографирање.

Инаку, фигурите кои вредат 440 илјади долари, секоја по 220 илјади, подоцна ќе бидат префрлени во музејот Мадам Тисо. Портпаролката Кристи Енрајт рекла дека тие се најгламурозниот пар и дека многу брзо ќе се вклопат во листата на најпосетувани фигури.