Два месеци откако еден посетител му ја откина главата, обновената фигура на Адофл Хитлер е вратена во берлинскиот музеј „Мадам Тисо“. Но, овој пат, нацистичкиот диктатор е изложен со обезбедување.
Восочната фигура го прикажува Хитлер на работна маса во берлинскиот бункер, во исчекување на силите на Црвената aрмија, пред крајот на Втората светска војна.
На 5-ти јули еден посетител на музејот го уништил експонатот, ги расфрлал предметите од масата и му ја откинал главата од восочната фигура вредна 200.000 евра, викајќи „Доста е војни !!!”.