Американската риалити ѕвезда Ким Кардашиан доби восочна фигура во музејот Мадам Тисо во Лондон. Фигурата, чија изработка траела четири месеци и чинела 150 илјади фунти, ја прикажува Кардашиан како прави селфи со вистински мобилен телефон, така што посетителите ќе можат и да се фотографираат со неа.
Во музејот истакнуваат дека тоа е прва восочна фигура која прави селфи. Фановите на ѕвездата можат да позираат пред неколку позадини, како Ајфеловата кула или Таџ Махал. Восочната Ким за неколку седмици ќе добиде друштво во вид на восочна фигура на својот сопруг, раперот Кање Вест.