Фудбалерите на Воска Спорт се на прагот од пласман во Втората македонска фудбалска лига-запад, откако вчера, победија во првиот од трите натпревари кои се играат во баражот. Воска Спорт на теренот во Гостивар со 4-2 ја совлада Фортуна и широко си ги отвори вратите од второлигашкото друштво.

Гостите два пати имаа водство од еден погодок разлика (0-1 и 1-2), но Воска два пати успеваше да се врати во игра. Стрелци на головите Насер Доко и Меритон Мерко. Мерко од пенал донесе прв пат водство за Воска Спорт (3-2), а во судиското продолжение Мартин Нически стави печат на победата.

На Воска Спорт во следниот натпревар кој ќе одигра со Беса 1976 в сабота и треба еден бод, или пак Беса 1976 во вториот меч да ја совлада Фортуна.

OhridNews