Градскиот стадион во Гостивар ќе биде домаќин на бараж натпреварите за влез во Втората македонска фудбалска лига-запад. Во бараж дуелите ќе учествуваат Воска Спорт, Фортуна и Беса 1976.

Мечевите во баражот стартуваат в недела (7 јуни), а први на мегдан ќе излезат екипите на Воска Спорт и Фортуна. В среда (10 јуни) силите ќе ги одмерат Фортуна – Беса 1976, а бараж возбудувањата во Гостивар ќе завршат в сабота (13 јуни) со дуелот Воска Спорт – Беса 1976.

Првите две екипи на табелата обезбедуваат промоција во Втората лига-запад.

OhridNews