Новајлијата во второлигашкото друштво, Воска Спорт, утре, на „Грашница“ во 17 часот, ќе ги започне контролните мечеви во летниот подготвителен период.
Прв ривал на Воска Спорт е второлигашот од источната конференција Братство Житоше.
На Воска Спорт предводена од тренерот Раде Цицмиловиќ и требаат тест натпревари, бидејќи клубот во ростерот донесе дузина нови фудбалери.
Новата сезона во Втората лига ќе започне на 21 август, а Воска Спорт во подготвителниот период ќе одигра уште шест натпревари со екипи од Македонија.
OhridNews