ФК Воска Спорт денеска соопшти дека ја прекинува соработката со девет играчи.

Клубот ги раскина договорите со: Муамет Шакир, Албан Мехмеди, Тарик Демишоски, Антонио Илиески, Марко Вуковиќ, Хабибула Аскар, Дестан Адили, Христијан Јанкулоски и Јасин Казимоскин.

Клубот им се заблагодарува на сите играчи кои беа дел од нас, и им посакува успех и здравје, стои во соопштението на ФК Воска Спорт.

На полусезона во Првата лига Воска спорт е на последното место на табелата со 12 освоени бодови, бод помалку од Вардар и Беса Добридол.

Г.М.