Фудбалот во Охрид доби нова школа откако со работа започна Воска Спорт. Екипата тренира на стадионот „Грашница“ во населбата Воска. Школата ја водат стручни тренери кои имаат децениско искуство со работа во млади и сениорски категории.

  • Почнуваме полека без големи најави и помпезности. Со ветување за многу работа во текот на летниот период и после започнувањето на школската година. Со главниот спонзор на клубот Нефи Усеини имаме големи планови но ќе ги реализираме чекор по чекор. Вратата во клубот е отворена за секого и нам ќе ни биде многу мило ако ни се придружат повеќе дечиња. – изјави тренерот Гони Мерко.

Мерко најави дека помладите генерации ќе бидат дел од Детската фудбалска лига во југо-западниот регион организирана од Фудбалската федерација на Македонија а сениорскиот тим кој подоцна ќе започне со подготовки ќе се натпреварува во Општинската фудбалска лига.

Тренинзите во текот на летниот период ќе се одржуваат секој ден со почеток во 17 часот и 30 минути на стадионот „Грашница“.

OhridNews