Фудбалерите на Воска Спорт забележаа голем триумф во контролните мечеви од подготвителниот период, совладувајќи го прволигашот Борец среде Велес со минимални 1-0 (0-0).
Човек на одлука на теренот со вештачка трева во Велес беше Бехар Фета кој прецизно стрелаше во 72-та минута од натпреварот. Претходно, Воска Спорт оддолеваше на сите напади од домаќините, кои не успеаја да го скршат гостинскиот отпор.
За новајлијата во второлигашкото друштво ова е втора победа во исто толку одиграни мечеви. Избраниците на Раде Цицмиловиќ во првиот меч со 4-0 го совладаа Братство Житоше.
Воска Спорт на 31 јули ќе има нов прволигашки тест, силите ќе ги одмери со Македонија Ѓорче Петров.
OhridNews