Фудбалерите на Воска Спорт забележаа сигурна победа над Арсими на домашен терен од 3:1 во 27 коло од Втората лига. Со оваа победа Воска Спорт направи уште еден чекор кон пласман во Првата лига.
Директниот конкурент за првото место Гостивар, пак, убедливо го совлада ГФК Охрид Лихнидос со 3:0 и ја задржа позивијата која директно го води во првата лига.
Вардар минимално ја совлада Беласица 0:1 и засега е сигурен на третото место кое води во баражот за пласман во повисок ранг.
Резултати Втора лига 27. коло
Гостивар – Охрид 3:0
Воска Спорт – Арсими 3:1
Беласица – Вардар 0:1
Тетекс – Пелистер 2:1
Беса – Детонит 3:0
Слога Виница – Кожуф 2:1
Локомотива – Караорман 4:1
Каменица Саса – Борец 3:0
На табелата води Воска Спорт со 68 бода, пред Гостивар 64, Вардар 59, Пелистер 54. Охрид е на 7 место со 37 бода.
Г.М.