Екипите на Воска Спорт и Тиквеш ќе се сретнат во финалето од Купот на Македонија што ќе се одигра вечерва во 19 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Ова е 31 финале на фудбалскиот Куп, а прво за Воска и Тиквеш.
Според најавите, за прв пат во историјата на македонскиот фудбал во финалето на купот ќе биде применета ВАР технологија.
Г.М.