Воска Спорт на стадионот „Грашница“ каде и ќе се натпреварува ги презентираше тренерот Раде Цицмиловиќ и првите засилувања за претстојната сезона во Втората македонска фудбалска лига.

Цицмиловиќ и управата се наоѓаат пред супер предизвик, бидејќи ќе ги очекува жестока битка за бодови во дебитанската сезона во второлигашката конкуренција.

Што се однесува до фудбалерите, официјално нови имиња се Емир Алиу, Шпенд Асани и Ардит Демир.

Наскоро, клубот ќе ги објави плановите околу подготовките и распоредот на контролни натпревари во летните подготовки.

OhridNews