Фудбалерите на Воска Спорт со убедлив триумф ги започнаа контролните мечеви во подготвителниот период за дебитанскиот настап во Втората македонска фудбалска лига-запад. На „Грашница“, Воска Спорт, со убедливи 4-0 го совлада Братство од Житоше.
Избраниците на Раде Цицмиловиќ резултатот го отворија по само четири минути игра. Мрежата на гостите ја погоди Изаир Емини. Водството на Воска Спорт го дуплираше Богдан Велиновски, а за 3-0 погоди Теофил Силјаноски. Конечните 4-0 ги постави Бехар Фета.
За три дена, на 25 јули, екипата на Воска Спорт силите ќе ги одмери со прволигашот Борец, а на 31 јули ќе се сретне со Македонија Ѓорче Петров.
OhridNews