Екипата на Воска Спорт забележа нов позитивен резултат во контролните мечеви од подготвителниот период, победувајќи ја Македонија Ѓорче Петров со минимални 1-0.

Воска Спорт погодокот за победа во дуелот со македонскиот прволигаш го постигна во 43-та минута од натпреварот. Стрелец беше Бехар Фета. За клубот од „Грашница“ ова е трета победа во четвртата средба. Претходно, славеше против Борец и Братство Житоше, а ремизираше со Малишева од Косово.

Велешта со тесни 3-2 го совлада Охрид во тест средбата кои двете екипи ја одиграа на стадионот во Велешта. Домаќините победа ја обезбедија во второто полувреме кога со два голови се одлепија на 3-1. Првиот дел заврши 1-1. За Охрид стрелци на головите беа Албин Рамадани и Атдхе Мазари.

Во вторник, Охрид ќе одигра тест средба со Гостивар, а Воска Спорт в недела на 8 август силите ќе ги одмери со Тетекс.

OhridNews