Екипата на Воска следната сезона нема да се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига југо-запад, откако не успеа да обезбеди опстанок.

Тимот од Грашница сам си потпиша капитулација, бидејќи во одлучувачкиот меч во Кравари против истоимената екипа отпатува со осум фудбалери односно со бело знаме.

Домаќините бројчаната предност на теренот ја капитализираа со пет голови за 30 минути. Еден од осумте фудбалери на Воска се повреди и неможеше да го продолжи натпреварот, а според правилата една екипа мора да брои најмалку осум фудбалери по што мечот беше прекинат.

Воска во следните две рунди нема обврски, бидејќи требаше да игра со Баир Кркардаш и Могила, но двете екипи не го започнаа пролетниот дел од сезоната и автоматски отпаднаа од Третата лига. Опстанок обезбеди Октиси, а Кораб избори пласман во Втората лига.

Резултати: Кравари – Воска 5-0 (прекината), Фљамуртари – Влазними 3-4, Велешта – Кораб 4-3, Сатеска – Октиси 1-2, Караорман – Лирија 1-2.

OhridNews