Бараж дуелите помеѓу Воска Спорт – Тиквеш и Скопје – Беласица ќе ги одредат тимовите кои од следната сезона ќе бидат дел од Првата македонска машка фудбалска лига.

Во првиот бараж што ќе се игра во Струмица, ќе се сретнат Воска Спорт од Охрид и Тиквеш од Кавадарци. Во вториот бараж играат Скопје и Беласица.

Двата натпревара почнуваат во 17 часот.