Фудбалерите на Воска Спорт забележаа нова победа во трката за пласман во Прва лига. Попладнево на „Билјанини извори“ фудбалерите на Воска ја совладаа екипата на Кораб од Дебар со 2:0.
Стрелци на головите за домаќинот беа Изаир Емини 36′ и Ристе Илијовски 90′ + 2.
Со оваа победа Воска Спорт на втората позиција ја задржа предноста од 5 бода пред скопски Вардар кој, исто така денеска, го совлада Охрид минимално со 1:0, со гол во финишот на средбата.
Во следното коло Воска Спорт ќе се сретне со Охрид во градското дерби, во кое победата е императив за двата клуба.
Г.М.