По пауза од десет години Воска повторно ќе се натпреварува во Третата лига. Фудбалерите од „Грашница“ успешно ги минаа бараж мечевите им се придружија на Охрид и Сатеска во третолигашкото друштво.
Во полуфиналето Воска после изведување на пеналите ја совлада екипата на Ѓагор, откако регуларниот дел од мечот заврши 2-2. Третолигашкиот билет Воска го осигура со победата над Лирија во финалето со 3-2. Ниту негативата од 2-0 не ги поколеба избраниците на Васви Доко кои со пресврт победија и обезбедија пласман во Третата лига.
OhridNews