Екипата на Воска ја забележа првата победа во втората полусезона во Третата фудбалска совладувајќи го Охрид (2-0) во градската пресметка на „Грашница“.
Разликата помеѓу двете екипи на теренот ја направи повратникот во екипата на Воска, Ѓоко Булоски кој ги постигна двата погодоци. Водечкиот погодок за домашниот состав корпулетниот центарфор го постигна во 15-та минута, додека вториот со кој ја запечати победата го реализираше десет минути пред крајот на мечот.
Со трите бодови Воска го прескокна Октиси на табелата и избега од опасната зона, додека Охрид се уште ги очекува првите бодови во пролетната полусезона во Третата лига.
OhridNews