Фудбалерите на Воска Спорт, во рамки на второто коло од Втората фудбалска лига, денеска на домашен терен го совладаа Кораб со 3:1, за стопроцентен старт во првенството.

Стрелци на головите за Воска Спорт беа Елмир Алији 15′, Изаир Емини 27′ и Бехар Фета 73′, додека за Кораб стрелаше Абдулвахит Мурати 78′.

ГФК Охрид, пак, попладнево беше поразен на гостувањето кај Кадино и покрај тоа што „белите“ имаа водство на натпреварот. Мурат Адили во 42 минута ги доведе охриѓани во водство, но за кратко. Стефан Богдановски најпрвин изразми во судиското продолжение на првиот дел, а по само пет минути игра во вториот дел истиот играч ги постави конечните Кадино – Охрид Лихнидос 2:1.

Втора фудбалска лига – Запад 2 коло

ФК СИЛЕКС 2 – 1 ФК ВАРДАР
ФК ВОСКА СПОРТ 3 – 1 ФК КОРАБИ
ФК ВЕЛЕШТА 2 – 2 КФГ ГОСТИВАР
ФК БЕСА 1976 2 – 0 ФК Тетекс 1953
ФК КАДИНО 2 – 1 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС

Во следното коло, кое на програмата е на 11 септември, ГФК Охрид на „Билјанини извори“ го пречекува Силекс, а Воска Спорт гостува на Вардар.

Г.М.
Фото: Архива