Со ревијален натпревар помеѓу ветараните и сегашните фудбалери, доделување на признанија и благодарници и пригоден коктел на „Грашница“ стадионот екипата на Воска го прослави 37-годишниот јубилеј, кој е крунисан со пласман во Третата македонска фудбалска лига југо-запад.

Резултатот од натпреварот беше во втор план, а сегашните фудбалери на Воска имаа можност да разговараат и да разменат искуства со постарите фудбалери кои го носеа дресот на клубот, кога се натпреваруваше во Втората лига.

„Сините“ им се придружија на Охрид и Сатеска во третолигашкото друштво, откако успешно ги минаа бараж мечевите со Ѓагор и Лирија.

Новата сезона во Третата лига ќе започне на крајот од август месец, а во текот на оваа недела ќе започнат и подготовките.

OhridNews