Викендов се одигра 18 коло во Втората фудбалска лига. Охридските второлигаши забележаа победа и пораз.

Воска Спорт немаше проблеми во дуелот со Каменица Саса и славеше со убедливи 4:0 на домашен терен. Охрид, пак, на гостувањето во Гевгелија беше поразен од Кожуф со 2:1.

ВТОРА ЛИГА 18. КОЛО:

ВАРДАР – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 2-0

ГОСТИВАР – БЕСА 1-0

ВОСКА – КАМЕНИЦА САСА 4-0

БЕЛАСИЦА – КАРАОРМАН 1-0

КОЖУФ – ОХРИД 2-1

ПЕЛИСТЕР – АРЕСИМИ 3-1

ТЕТЕКС – БОРЕЦ 1-1

СЛОГА ВИНИЦА – ПЕХЧЕВО  СКОПЈЕ (ЛОКОМОТИВА) 0:1

На табелата водат Гостивар, Вардар и Воска со по 43 бода, следи Пелистер со 39. Охрид кој има три порази на почетокот од пролетниот дел е на седмото место со 26 бода.

Г.М.