Точно една недела помина од мистериозното исчезнување на авионот во кој се наоѓаше новиот фудбалер на Кардиф, Емилијано Сала. „Сините птици“ мора да се насочат кон мечот со Арсенал во Лондон иако според менаџерот Нил Ворник клубот и фудбалерите поминале многу тешка седмица.

  • Како тренер во фудбалот сум 40 години но изминатата недела убедлива беше најтешка која сум ја имал до сега. Лично никогаш вакво не сум поминал. Целата ситуација влијаеше на тренинзите, екипата и на сите во клубот. Јас размислував дали да продолжам, бидејќи постојат многу важни работи кои ги разбирате кога ќе се случат вакви непријатни ситуации. – изјави искусниот стратег.

Еден од најстарите менаџери во Премиер лигата од фудбалерите побара да размислуваат позитивно оти ги очекува голем предизвик во остатокот од сезоната. – Несреќниот и се уште мистериозниот случај не смее да на поколеба затоа што во Кардиф не чека многу работа. Сега е многу важно да покажеме заедништво, другарство, бидејќи само така можеме да ги надминеме ваквите ситуации. 

Фудбалерите на Кардиф нема да носат црни ленти на ракавите, бидејќи се уште не е пронајдено телото на Сала и пилотот кој го управуваше авионот и потрагата продолжува.

OhridNews