‘Ворнер Мјузик Груп’, третиот најголем музички дистрибутер во светот ќе ја застапува музиката на Владимир Четкар во Кореја.
Од неодамна, музиката на Четкар е издадена во Јужна Кореја преку познатата корејска музичка куќа, ‘Си енд Ел рекордс’ и светскиот музички гигант ‘Ворнер Мјузик Груп’.
Деновиве Четкар во Кореја настапи на еден од најголемите светски џез фестивали ‘Јарасум Џез Фестивал’. На концертот Четкар беше придружуван од македонски и американски музичари ( Коди Роландс на Труба, Арон Хенри на Флејта и Тенор Саксофон, Филип Стевановски на Тромбон, Лукас Холмс на Клавијатури, Ѓоле Максимовски на Бас и Виктор Филиповски на Тапани).
‘Ворнер Мјузик Груп’ ќе ја продава музиката на Владимир Четкар во Кореја
OhridNews