Александар Велјаноски (26), Александар Фармакоски (26) и Димче Ноќески (28) се ранети во вооружениот инцидент што вчера рано утрото во 4:50 ч. се случил на булеварот „Туристичка“. Сите се здобиле со прострелни рани.
Најтешко е повреден Александар Велјаноски кој се здобил со 5 огнострелни рани, додека Фармакоски и Ноќески се здобиле со по една рана од огнено оружје. Тројцата веднаш биле пренесени на хируршкото одделение при општата болница.
“Првоповредениот има здобиено стрелни рани во пределот на стомакот и во пределот на десната препона и прострелни рани во предел на грбот, поткожно муслкулна повреда, повреда на десниот лакат со скршеници и исто така огнострелна повреда во левата натколеница. Другите двајца имаа мекоткивни повреди на левите натколеници на долните екстремитети. Сите тројца се прифатени извршено е дијагностицирање и соодветно се згрижени од лекарскиот тим“, информираше директорот на општата болница Охрид, д-р Арсо Митрески.
Митрески информираше дека Велјаноски бил реанимиран и дека врз него веднаш била извршена операција во хируршкото одделение. По консултации со соодветните клиники при Медицинскиот факултет во Скопје околу 8:30, Велјаноски е префрлен во Ургентниот центар во Скопје, каде подоцна му е извршена уште една операција и сега се наоѓа на клиниката за анестезија и реанимација. Фармакоски и Ноќески се згрижени во општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност.
Траги од крв на местото од инцидентот
Вооружената пресметка се случила пред зградата во која живее Велјаноски. Жителите од зградата видно вознемирени не сакаа да зборуваат за инцидентот. Не се познати деталите за самата престрелка. Се знае дека помеѓу Велјаноски и другите две лица од поодамна владее меѓусебно нетрпение кое кулминирало утринава кога меѓусебната расправија завршила со пукање.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Охрид и истражен судија. Полицијата не соопшти поединости за случајот, освен дека учесниците во престрелката биле познати сторители на кривични дела. Истрагата што е во тек треба да расветли кој на кого и со какво оружје пукал и кои биле мотивите за вооружената пресметка, која ги вознемири охриѓани.
Советниците следната недела ќе ја одржат педесет и втората седница на Советот на Општина Охрид На дневен ред се 17 точки меѓу нив одлуките за определување на просечна цена за утврдување на пазарна ...
Општина Охрид ги објави конкурсите за доделување на стипендии за учениците од основните и средните училишта и студентските стипендии Општина Охрид за учебната 2024/2025 година ќе додели стипендии н...
Полициски службеници од ОВР Струга одржаа работен состанок со претставници на Центарот за социјални работи Струга со цел засилена меѓусебна соработка и координација за намалување на малолетничката ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.