Синоќа околу 22,35 часот во с.Белановце општина Липково, во близина на гробиштата, од страна на  непознати лица од автоматско оружје е пукано кон полициско возило во кое се превезувале полициски службеници од ПС за ОДГ „Белановце“, кои биле на службена должност.

Од пукањето повредени лица нема, а  е причинета  материјална штета на возилото. На местото на настанот е извршен  увид од екипа од СВР Куманово, и во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на настанот, соопшти МВР.

Ohridnews