На 05 септември околу 6:15 часот на магистралниот пат Охрид -Скопје кај с. Арбиново-охридско, се случил вооружен инцидент соопшти Министерството за внатрешни работи-МВР.

А.Ш.(35 ) од Струга, враќајќи се со неговото возило од Скопје, утрото бил сопрен од три непознати лица кај селото Арбиново на околу 2-3 километри од мотелот Починка, а откако застанал, едно од лицата од пиштол пукало кон А.Ш., при што го повредил во пределот на стомакот.

Повредениот,  околу 8ч. бил примен во Медицински Центар Струга од каде случајот бил пријавен во ОВР Струга.

Струшката полиција извршила разговор со ранетиот кој пријавил дека врз него неодамна бил извршен уште еден вооружен напад во кичевско. МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Г.М.