Вооружен криминалец застанал со автомобил покрај новинарска екипа на телевизијата WOIO-TV и ги прашал за пат до банката. Новинарката на WOIO-TV Шенон О’Брајан и снимателот Ерик Волс на улицата Кливленд правеле анкета за банковните проблеми на граѓаните кога покрај нив застанал автомобил.
Патникот на сувозачкото место ги прашал за правецот додека возачот покажувал дека во него е вперен пиштол. Новинарската екипа ја викнала полицијата и ги пратела криминалците додека не дошле безбедносните сили. Полицискиот наредник рекол дека 19 годишното момче подоцна со пиштол ограбил банка.