Француската полиција трага по крадец, кој вооружен најверојатно само со пластичен пиштол, крадел кроасани и други пецива од париските пекари. Човекот стар околу 40 години од 9 декември упаднал во најмалку пет пекари во западните предградија на Париз, навела полицијата.

Секој пат нарачувал пецива, а потоа го извлекувал лажниот пиштол, го вперувал во продавачот и заминувал со нарачката без да ја плати сметката. Во инцидентите никој не бил повреден, а вредноста на украдената роба изнесувала помеѓу 8 и 20 евра.