Утринава во експозитурата Чаир на НЛБ Банка во Скопје се случи вооружен грабеж, информираат од банката.
- Клиентите кои се затекнаа во нашата експозитура и вработените на банката се безбедни и во добра состојба. Во овој момент, банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот. Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи банката има осигурување на целиот свој имот и средства, потенцираат од НЛБ банка.
Додаваат, дека паралелно се работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што јавноста дополнително ќе биде информирана.
OhridNews