Утрово околу 04 часот и 30 минути, засега непознати сторител извршиле грабеж на „Астра клуб“ во Струга.
Како што соопшти СВР Охрид, грабежот го извршиле три маскирани лица вооружени со две автоматски пушки и еден пиштол, кои откако влегле во објектот, од касата на клубот, насилно одзеле близу 200.000 денари и околу 400 евра.
Разбојништвото е сторено под закана кон вработените во клубот, каде во моментот биле присутни четири лица од Струга.
Полициските службеници преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите на ова кривично дело.