Убавината е една од работите за кои едни велат дека се наоѓа во окото на набљудувачот, додека други ги прифаќаат вообичаените заблуди врзани за убавината и пресудуваат врз основа на тој начин.

Така во секоја доба постои еден доминантен тип на убавина на која многумина се восхитуваат, но тој не е последица на мислењето на луѓето, туку притисок од медиумите кои форсираат одреден тип жени и ги прогласуваат за убавици. Оваа заблуда треба да се разбие кај девојчињата за да не ги прифатат измислените стандарди кои немаат врска со животот.

Слабите девојки се сметаат за убави, но дури последните години се увидело колку е тоа погрешно и постои борба против таквото гледање на убавината. Од куклите во излозите до манекенките на пистите и насловните страни, слабите жени ги фрлаат во депресија оние кои не можат да ја постигнат таа линија. И повторно погрешно.

Годините, според наметнатите стандарди, би требало да ја одземаат убавината ,a повремено се истакнуваат жени кои успеале да го задржат својот прекрасен изглед и во 40-те, 50-те години или подоцна, но тоа е исклучок, а не правило. Се разбира, овој пристап е се само не правилен.

Во пакетот на заблуди доаѓаат уште две кои исто така се невистинити, а не се врзуваат со самиот изглед – убавината е скапа и боли. Не, скапите препарати нема да направат толку голема разлика за преку ноќ да станете убавици, како ни носењето високи штикли, носењето на корсети и сите активности кои би требало да се направат за да се вклопите во наметнатите стандарди за убавина.

Убавината доаѓа одвнатре.

извор:metro-portal.hr