Елеганцијата е симбол за вонвременски гламур, а од сега дамите во Охрид ќе ја препознаваат во секое парче облека од брендот „Катрин“. Првата и единствена франшиза во Македонија на еден од водечките српски брендови за женска облека од неодамна е присутна во центарот на Охрид.
„Катрин“ како ново модно катче во градот нуди избор на најелегантна женска облека со највисок квалитет за деловни дами, но и за сите кои ја преферираат комоцијата и слободата што ја нуди спортската облека.
Моментално најактуелни се моделите на капути од зимската колекција кои благодарение на совршениот материјал и крој придонесуваат за префинет и елегантен изглед, а покрај тоа во нив ќе се чувствувате удобно и топло во ладните денови, порачуваат од „Катрин“.
Покрај капутите, дел од зимската колеккција се и зимските јакни на брендот „Катрин“, наменети за оние кои сакаат да постигнат совршен баланс помеѓу едноставноста и елеганцијата.
Во „Катрин“ покрај деловните дами, совршено парче облека, поразлично од останатите ќе можат да најдат и припадничките на помладата женска популација. Фустаните кои ги нуди брендот оставаат уникатен моден впечаток.
Бутикот „Катрин“ кој е лоциран на бул. „Македонски просветители“ 1, локал 101 во ТЦ Амам, од страната на чаршијата, нуди поволности и во поглед на цените, со тоа што за дел од општествените компании има можност за склучување договор за отплата на три рати.
Инаку, модниот бренд „Катрин“ за прв пат беше пласиран на пазарот во Србија во 2005 година и до денес веќе застана до светските брендови кога е во прашање женската мода. Главното производство е во Ниш, а низ цела Србија и Босна и Херцеговина има преку 25 продавници.
K.A.
Фото: A. Момироска