Капитенот на Барселона, Лионел Меси е рекордер по бројот на постигнати погодоци во еден клуб. Меси пред неколку денови се израмна со Бразилецот Пеле, а синоќа, со погодокот против Ваљадолид изби сам на вечната листа со неверојатни 644 погодоци.
Меси погодокот кој го лансираше на врвот од голгетереската листа го постигна после вонсериската асистенција на Педри. Младиот фудбалер кој потекнува од прочуената фудбалска школа „Ла Масија“ од зад грб со петта го проигра Меси кој биеше во подалечниот агол и ја запечати победата на Барселона од 3-0 кај Ваљадолид.
Погодокот на Меси можете да го видите на 0.30 секунди на видеото.
OhridNews