КФМ го прифати писменото барање на повеќе од 2/3 од членките за свикување на итна и вонредна седница на Собранието. Вонредната ситуација и барањето на клубовите кое во писмена форма го доставија до КФМ, налага итна и вонредна седница на Собранието на федерацијата.

Барањето на членките на Собранието се однесува за промена на регистрацискиот правилник на КФМ, во однос на продолжување на преодниот рок до 31 август. Со оглед на тоа дека и во писмена форма членките на Собранието се изјаснија како согласни за таа промена, Вонредното Собрание ќе има само една точка на дневен ред:

– Продолжување на траењето на првиот преоден рок, пропишано во член 21.1 од Регистрацискиот правилник.

Сегашниот член 21.1 гласи:
Првиот преоден рок трае 15 (петнаесет) дена а се одржува по завршување на натпреварувачката сезона, од 15-30 јуни.

Со предлогот кој го доставија клубовите, членот 21.1 го преформулира во:
– Првиот преоден рок се одржува по завршување на натпреварувачката сезона, од 15 Јуни до 31 Август.

Клубовите учесници во системот на натпревари на КФМ се должни да се пријават за учество во соодветната лига, за која оствариле натпреварувачко право на учество, најдоцна до 30 јуни. Во пријавата, клубовите треба да достават листа со играчи со важечки договор, а листата да биде комплетирана заклучно со 31 август.

Собранието ќе се одржи во просториите на КФМ, во недела, 28 јуни со почеток во 12:00 часот.