Во петок, 10.07.2009 г. од 10:00 ч. за потребите на Општата болница во Охрид, во трансфузиолошкото одделение на болницата крв ќе даруваат 40 крводарители од Прилеп и Кавадарци.
Во сабота, 11.07.2009 г., од 10:00 ч. во болницата Св.Еразмо, крв ќе даруваат 50 крводарители од МЗ “Даме Груев“ од Скопје. Ги повикуваме и нашите сограѓани да се приклучат на овие крводарителски акции и да ја покажат хуманоста со дарување крв.