Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе се одржат на 1 јуни, одлучи претседателот на сега веќе распуштеното Собрание, Љубиша Георгиевски.

Градот Охрид според Законот за избори се наоѓа во 5-та Изборна единица, заедно со Битола, Ресен, Струга, Кичево и неколку други помали општини. Според податоците од последните избори одржани пред две години во Охрид има околу 52.200 граѓани со право на глас. Тие своето избирачко право ќе можат да го искористат на 73 избирачки места во општината.

Точниот број на избирачи во опшштина Охрид ќе го утврди подрачната единица на Министерството за правда по ажурирањето на избирачките списоци, што следи наскоро.

Инаку ова е прв пат во Македонија да се одржуваат предвремени парламентарни избори.

ohridnews