Екипи на ЈП Охридски Комуналец со вонредни активности за чистење на кејот и пристаништето. Ангажирана била и специјална механизација, а подигнати 12 м3 отпад.
После неповолните временски услови проследени со силен ветер, екипите задолжени за одржување на јавната чистота од раните утрински часови на терен. Се расчистуваше кејот и градското пристаниште од наноси на песок, муљ и друг вид отпад, велат од претпријатието.
OhridNews