Претседателот Барак Обама денеска прогласи вонредна состојба во САД поради рапидно зголемиот број случаи на свински грип.

„Вирусот Х1Н1 рапидно се шири, како и што очекувавме. Затоа мораме итно да го спроведеме кризниот план“, соопшти Белата куќа. Обама се одлучил на ваква мерка пред да се случи преоптовареност на здравствениот систем и да се избегнат непотребните бирократски процедури во болниците во вонредни околности.

Свинскиот грип се прошири во 45 од 50 американски држави, а според некои проценки досега од оваа болест заболеле околу 20.000 луѓе, од кои 1000 починале, пренесува Ројтерс.

Ohridnews