Синодот на Македонската православна црква во скратен состав попладнево во манастирот „Св. Јован Бигорски“ одржува вонредна седница.

Членовите на Синодот расправаат за пожарот што вчера го зафати манастирот, а се очекува да биде донесена одлука кога и како ќе се започне со обнова на уништените делови на манастирот, кој датира од XI. век.

Во пожарот што вчера рано утрото го зафати манастирот Св. Јован Бигорски до темел изгореа стариот палат, конаците, трпезаријата и библиотеката. Благодарение на брзата и присебна реакција на монасите спасени се вредни реликвии.

Истражна екипа денеска  започна да ги утврдува причините за пожарот во манастирскиот комплекс, а на местото на настанот присутни се и медицински екипи и припадници на АРМ, кои на монасите од манастирот им обезбедиле импровизирани услови за сместување.