Владата вечерва во 22:30 часот ќе одржи вонредна седница по повод тешката сообраќајна несреќа која се случи на патниот правец Скопје – Тетово.
Претседателот на Владата, Зоран Заев во текот на утрешниот ден ќе ги посети повредените кои се наоѓаат во болницата, информира владината прес служба.
При превртување на автобус на гостиварската компанија „Дурмо Турс“, попладнево во близина на Карпалак, загинаа 13 лица, а повеќе од триесет се повредени, од мои осум се борат за живот.
OhridNews