Општина Охрид на официјалната веб страна ја потврди веста за смртта на градоначалникот Јован Стојаноски (48). За утре е закажана вонредна седница на Советот, кој се очекува да изгласа одлука за прогласување Ден на жалост во Охрид.

Стојаноски почина утрово ненадејно, како последица на масивен инфаркт на срцето и мозокот. Тој најпрвин бил примен во Интерното одделение во општата болница во Охрид, од каде итно бил упатен во Заводот за кардиологија, но на пат за таму починал.

Во октомври 2017 година Стојаноски беше избран за Градоначалник на Општина Охрид. Во нешто повеќе од една година минати на функцијата активно работеше на финансиска консолидација на најзадолжената општина во земјата. Беше активен поддржувач на спортот и културата во градот.

OhridNews