Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид во летниот период, Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција која ќе се реализира на 30.07.2019 (вторник) во просториите на ОСУ Св.Климент Охридски-Гимназија во периодот од 10-13 ч.

Црвен крст ги поканува граѓаните да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност.

OhridNews