Согласно препораките и мерките за заштита и превенција  од корона вирусот – Ковид 19,  екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со вонредна дезинфекција на охридските училишта и објектите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

Извршена е дезинфекција на сите училници, ходници, канцеларии и помошни простории во овие  установи, информира локалната самоуправа. .

Овие активности се дел од оперативниот план на Локалната самоуправа, а поради зголемениот број на заболени лица  на територијата на општина Охрид.

OhridNews