Во акцијата на Министерството за внатрешни работ, во текот на вчерашниот ден во Охрид, изречени се вкупно 149 санкции во областа на сообраќајот.

40 казни се за пречекорена брзина на движење, 14 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 8 за возење без возачка дозвола, а санкционирани се и 14 мотоциклисти. – информира МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата.

OhridNews