-Се надеваме дека во наредните неколку дена ќе постигнеме договор со што ќе ни биде дозволено да пловиме до есен, по што ќе почне да се реализира целата процедура околу техничкиот преглед, изјави денеска за медиумите Горан Устијаноски од Здружението на бродари – Охрид.
Барањето охридските бродари преку Министерството за транспорт го доставиле до Биро Веритас и доколку тоа биде прифатено, Министерството ќе ја симне забраната за пловење, информираат од Здружението на бродари.
Како што е познато бродовите „Галеб“, „Кристина“, „Александрија“ и „Македонија“ од саботата се закотвени на градското пристаниште во Охрид. Тие добија забрана за пловидба затоа што им беше истачена регистрацијата.