Министрите за правосудство и безбедност на земјите членки на Европската унија(ЕУ) ќе се соберат денеска попладне во Брисел на вонреден состанок за да ја разгледаат сегашната ситуација во врска со борбата против тероризмот.

„По терористичките напади во Брисел, холандското претседателство свика вонреден состанок на министрите задолжени за правосудство и безбедност и претставници на институциите на ЕУ“, се вели во соопштението на ЕУ.

Министрите ќе изразат солидарност со Белгија и ќе расправаат за сегашната ситуација во поглед на борбата против тероризмот, односно за комплетирање и спроведување на соодветното законодавство, се додава во соопштението.

Најмалку 31 лице загина, а 260 се ранети во вторник во бомбашките напади на аеродромот и подземната железница во Брисел. Одговорноста за нападите ја презеде Исламска држава.

OhridNews
Извор: „Макфакс“