Фудбалерите на Воска Спорт запишаа нови три бодови на табелата во Третата македонска фудбалска лига југо-запад, победувајќи ја Македонија Враништа со 2-1, додека, Сатеска без бодови се враќа од Ресен, претрпувајќи пораз од Преспа 4-2.

Воска Спорт потешко од очекувањата се справи со гостинската екипа. Домаќините поведоа со голот на Меритон Мерко од пенал во 22-та минута. Во 35-та минута гостите израмнија преку Антонио Попоски и најавија тврд отпор до крајот на мечот. Воска Спорт лек за разиграниот гостински состав најде во 81-та минута кога Љубен Далчев погоди за 2-1. После завршување на мечот гостите на социјалните мрежи се жалеа на судењето.

Сатеска, пак, не успеа да извлече позитивен резултат на гостувањето кај Преспа во Ресен, претрпувајќи пораз 4-2. Преспа поведе со 2-0, Сатеска намали на 2-1. Домаќините повторно поведоа со два голови разлика, овој пат 3-1. Сатеска пак намали на 3-2, но Преспа со уште еден погодок ја запечати конечната победа 4-2.

  • Резултати: 

Стрела Спорт – Црно Буки 2-1

Лирија Грнчари – Искра 4-1

Кравари – Белица 4-2

Новаци – Октиси

Преспа – Сатеска 4-2

Победа Ивањевци – Влазними 0-3

Воска Спорт – Македонија Враништа 2-1

Караорман – Фљамуртари

Табела: Воска Спорт 53, Караорман 42, Новаци 37, Црно Буки 34, Кравари 32, Преспа 31, Влазними 29, Сатеска 27, Октиси 26, Македонија Враништа 24, Лирија Грнчари 23, Искра 20, Белица 14, Победа Ивањевци 13, Стрела Спорт 8, Фљамуртари откажан.

OhridNews