Милдред Баена, љубовницата на Арнолд Шварценегер морала да го отпише својот син од училиште откако медиумите дознале кој му е татко. Сознавајќи дека Арнолд Шварценегер е татко на Џозеф, папараците почнале да кампуваат пред неговото училиште во Бејкерсфилд, чекајќи да снимат некои добри фотографии од момчето.


Поради таквиот развој на ситуацијата, Милдред одлучила да го отпише синот од училиште. На свеченоста на малата матура Џозеф воопшто не се појавил. Учениците кои матурирале ги зеле своите дипломи, но не и тој. Неговата мајка и целото семејство сакаат да се смири целата ситуација, како би можеле да продолжат со своите нормални животи.