Два волци биле забележани на околу 50 километри од Париз, и тоа е прв пат овие животни да се воочени толку близу до францускиот главен град. Шумите околу Париз се идеално окружување за волците, бидејќи се полни со диви свињи и елени. Експертот за диви животни Ерик Бас рекол дека најверојатно станува збор за млади животни кои се одвиле од чопорот во потрага за територија. Волкот за една ноќ може да мине околу 100 километри.
Сивиот волк од Франција исчезнал во дваесеттите години од минатиот век, но во изминатава деценија се вратил. Во Франција моментално има околу 300 од овие волци кои минатата година усмртиле повеќе од 6000 овци. Министерката за екологија одобрила отстрел на волците, и покрај отпорот на конзервативците. Меѓутоа, за отстрел е потребна посебна дозвола, бидејќи се заштитена врста според Конвенцијата од Берн и европскиот закон.